Skip to main content

Makedonsk

Добредојдовте на страницата на онлјан училиштето на Каренсе – NoTe Norwegian Teaching

На нашата страница може да најдете онлајн курсеви по норвешки јазик на сите нивоа. 

Нашите курсеви се првично наменети за подготовки за официјалните тестови на норвешки јазик (Норшкпровен) и Бергенстест, а истите се признати од Институтот за странци UDI и Kompetanse Norge.

Онлајн курсевите се одржуваат од страна на компетентни предавачи на кои норвешкиот им е мајчин јазик и кои имаат долгогодишно искуство како наставници.

Флексибилни онлајн курсеви

Нашите курсеви се одржуваат онлајн и заради тоа овозможуваат да учите каде и да се наоѓаат. Курсевите се прилагодени на вашите лични потреби и истите можете да ги посетувате без разлика дали работите, учите или имате повеќе слободно време дома.  

Во наставната понуда ги вклучуваме следниве курсеви: А1, А2, Б1, Б2 и Ц1. Ова подразбира дека може да одберете курс за почетно ниво или да почнете на некое од повисоките нивоа. Нашата препорака е да се одвојат 2-3 часа дневно за работа т.е. учење преку со курсевите за самите курсеви да бидат ефективни. 

Покрај овие, имаме и курсеви кои се посебно приспособени за изучување на јазикот за оние кои работат или планираат да најдат работа во здравствениот сектор и градинките во Норвешка. 

Како додаток на курсевите кои ги нудиме имаме и редовни усни вежби, наменети за оние кои сакаат да го подобрат говорот на норвешки. 

На оние кои имаат намера да го полагаат тестот за општество и култура (неопходен при апликација за норвешко државјанство) им нудиме 50 часови подготвителна настава, на норвешки, англиски и арапски јазик.

Квалитетни предавачи кои нудат квалитетна настава

Онлајн училиштето е основано во 2015 од страна на Каренсе. Таа реши да го употреби своето 15 годишно искуство како наставник по норвешки јазик, за да создаде курс кој ќе ви помогне да постигнете успешни резултати при изучувањето на норвешки.

Онлајн училиштето го сочинуваат тим на квалификувани предавачи кои соработуваат со нашите ученици и ги советуваат. Додатно на нашите онлајн курсеви може да ги користите нашите бесплатни материјали, вклучувајќи ги видеата на Каренсе на нејзиниот Јутуб канал, нејзините подкаст епизоди, аудио снимки, пристап до Инстаграм каналот и Фејсбук групите. 

Повеќе информации за бесплатните материјали пронајдете тука.

Курс насочен кон вашите потреби

Онлајн курсевите се сочинуваат од вежби за читање, слушање, пишување и аудио снимки. Текстуалните вежби – домашни задачи кои се испраќаат онлајн потоа се прегледуваат, корегираат и оценуваат од страна на предавачите. После тоа се дава осврт на тоа што може да се подобри во следната домашна. Прочитајте повеќе за тоа што се содржи секој од курсевите или пратете ни имеил ако имате повеќе прашања.

Листа на сите онлајн курсеви.

Во склоп на курсот кој го посетувате има вклучено и 1 час (месечно) кој може да се искористи за разговор со вашиот предавач. Овој тип часови најчесто се употребува за усни вежби со предавачот, каде посебно се посветува внимание на подобрување на изговорот на норвешки. Доколку има потреба, часот може да се искористи и за работа на граматика или пак за подготовка за интервју за работа. 

На крајот од часот добивате документ кој сумира што точно сте научиле на пр. Нови зборови, фрази и додатни нешта на кои треба да обрнете внимание или давање дополнителни материјали кои ќе ви помогнат при учењето.

Курс по англиски јазик на сите нивоа 

Нашето училиште нуди курсеви по англиски јазик, вклучувајќи курс по деловен англиски. Нудиме и курс по англиски со времетраење од 1 до 6 месеци – се до Б1 ниво. Доколку имате потреба од повисоко ниво, постои можност да закажете дополнителна настава, во договор со наставникот. 

Курсот по англиски е наменет и за оние кои сакаат да се подготват за испитите  TOEFL или IELTS (неопходни за запишување на студии во странство). Нашите предавачи по англиски јазик се од САД и живеат во Норвешка. 

Запознајте ја Каренсе

На Јутуб каналот на Каренсе може да најдете повеќе инофрмации за неа и да стекнете претстава за тоа како изгледаат нејзините курсеви онлајн. Погледнете го ова нејзино видео како пример:

Регистрирајте се 

Во исчекување сме на нови ученици. Ви посакуваме топло добредојде без разлика на кое јазично ниво сте во моментот и независно од целта поради која сакате да учите норвешки. Нашата цел е да ви помогнеме добро совладување на јазикот.